Правилник на Aquapark Пробиштип
Секој посетител треба да го прочита правилникот и со тоа ги прифаќа пропишаните правила на однесување и се обврзува да ги почитува
Општи правила
- Возилата се паркираат на определен простор за паркинг. Aquapark-от не е одговорен за било какви оштетувања или кражби на возилото или на предметите во него.
- Возрасните лица кои носат малолетни деца, се одговорни за нивното однесување.
- Посетителите не смеат да го нарушуваат мирот на другите посетители ниту на вработените.
- Aко и по добиена опомена не се почитуваат правилата, посетителот може да биде отстранет од Aquapark-от без надомест.
- При фотографирање и снимање за комерцијални цели и за печат во паркот неопходна е дозвола од управата на Aquapark-от.
Правила за влез
- Од 01/06/2025 до завршување на летната сезона работното време е секој ден од 10:00 до 19:00 часот.
- Влезот е дозволен само во работно време со купена влезница. Купената влезница важи само еден ден и само еден влез.
- Влезницата може да се купи најдоцна 1 час пред затварање на Aquapark-от.
- Сезонските билети се издаваат по лице и не можат да бидат користени од страна на друго лице.
- Доколку капацитетите се пополнети влегувањето може да биде стопирано.
- Во случај на невреме – дожд, силен ветер, магла или прекини од технички причини, времето на отварање и затварање може да биде променето. Притоа не се врши надомест на билетот при посетата.
- Посетителите имаат обврска да го напуштат Aquapark-от 30 минути пред завршувањето на работното време.
- Не се препорачува внесување на вредни предмети и поголема количина на пари. Вредносните предмети и парични средства може да се чуваат во шкафчиња за таа намена.
- Одговорноста за безбедноста на сопствените предмети е на самиот посетите
Плаќање во комплексот
- Плаќањето во паркот не е возможно со користење на готовина или платежни картички. Посетителот треба да уплати депозит кој се регистрира со редниот број на доделена алка.
- Неискористените средства од депозитот ќе му бидат вратени на посетителот кога ќе го напушти комплексот и ќе ја врати алката.
- Остатокот од депозитот не се враќа дококу алката е изгубена.
- Доделената алка има важност само еден ден и може да се користи само истиот ден.
Забрана за влегување
- Сите лица под влијание на алкохол, дрога или други опојни средства имаат забрана за влегување во комплексот.
- Забрането е внесување животни.
- Лица кои не можат самостојно да се движат.
- Лица со физичка или ментална попреченост може да влезат само со придружба.
- На трудници, лица со срцеви заболувања како и лица кои имаат проблеми со вратот или грбот не се препорачува да влегуваат во комплексот. Доколку влезат, користењето на Aquapark-от е на нивна одговорност.
Информации за начинот на користење на комплексот
- Сите посетители пред влез во базенот мора да поминат хигиенски филтер со користење на туш кабината, односно туширање.
- Сите посетители смеат да се преслекуваат само во гардероберите наменети за истата намена.
- Во базените и во просторот покрај базените е забрането внесување на електрични апарати и стакло.
- Задолжително е да се носи костим за капење и пливачка капа при користење на тобоганите и базените.
- Сите што не знаат да пливат смеат да се бањаат само во одредени делови од базенот или одредени места за бањање заедно со придружба и на сопствена одговорност.
- Во детскиот базен е дозволен влез само за деца под 140 cm висина. Забранет е влез на возрасни освен ако се во придружба на дете со висина под 100 cm.
- Забрането е нуркање, скокање и фрлање на други лица во вода на грб или било каков физички контакт помеѓу две или повеќе лица.
- Секој посетител има обврска да ја надомести загубата и штетата што ќе ја направи на опремата или инвентарот во Aquapark-от. Истото се однесува и на предметите што се во сопственост на другите посетители.
Користење на тобоганите и другите атракции
- Сите тобогани и атракции до кои посетителите имаат дозволен пристап ги користат на сопствена одговорност и ризик.
- На тобоганите мора да се почитуваат сите правила и инструкции истакнати на видливи места во Aquapark-от како и инструкциите на персоналот.
- Посетителите мора да ги користат пропишаните пролази и влезови на тобоганите и атракциите.
Се забранува
- Внесување на храна и пијалоци (освен бебешка храна во теглички).
- Неоправдано барање на помош од персоналот.
- Забрането е самоволно да се пренесува опремата: столици за помош, лежалки, маси и друго.
- Внесување на остри и стаклени предмети.
- Да се конзумира храна во базенот или на други места што не се за таа намена.
- Фотографирање или снимање на посетители, други луѓе или група на луѓе, без нивна согласност.
Исклучување од одговорност
- Почитување на овој правилник им овозможува на посетителите безбеден и сигурен престој во комплексот.
- Некаква повреда и / или настаната штета поради непочитување на правилата, Aquapark-от не презема никаква одговорност.