Услуги вклучени во билетот
Масите, столовите, чадорите и лежалките во Аквапаркот не се наплаќаат.
Нудиме бесплатен паркинг простор за 520 возила.
Имаме чисти и достапни тушеви, тоалети и соблекувални.
Со купување на билет не ви гарантираме слободни маси, столови, лежалки и чадори.
Кабаните во Аквапаркот дополнително се наплаќаат.
Нашите медицински лица се обучени за да пружат прва помош на секој посетител
Услуги кои не се вклучени во билетот
Нудиме можност за изнајмување на приватно заклучено шкафче.
Во Аквапаркот сите плаќања се вршат преку водоотпорна алка, таа ја подигате на билетарата на Аквапаркот, со тоа нема да имате потреба да носите пари со вас. За оптимална сигурност на вашите лични предмети ви препорачуваме да изнајмите сеф кој чини 100 денари.
Нудиме можност за резервација на лежалки, кабани, џакузи и паркинг простор.
Преку нашиот сервис резервирај можете да го одберете денот на посета во Аквапаркот и да резервирате лежалки, кабани, џакузи и паркинг место веднаш до влезот на аква паркот. Сите резервации кој што сте ги одбрале важат до 12:00 часот.