0 0 item - The 0.00-day

Privacy policy

1. ВОВЕД

Аквапарк Пробиштип (www.aquapark.mk) го цени вашиот интегритет и доверба. Ние сме компанија со седиште во Пробиштип, С. Македонија, која овозможува услуги за подобрување на вашето искуство со водени атракции и летна рекреација. Ве молиме прочитајте ја оваа Политика за приватност, обезбедувајќи согласност за да имате дозвола да ги користите нашите услуги.

2. СОБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ

Политиката на приватност на Аквапарк Пробиштип ги содржи нашите практики за собирање, обработување и безбедно чување на личните податоци на корисниците. Нашите приоритети се фокусираат на заштита на Вашата приватност и користење на личните податоци само за цели кои се однесуваат на нашите услуги.

СКЛАДИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ

Ние сме компанија со седиште во Пробиштип и работиме со веб-сервери хостирани во Скопје. Нашиот хостинг провајдер АЛСА НЕТ ДООЕЛ Скопје се придржува до „Штитот за приватност“ на ЕУ/САД, осигурувајќи дека вашите податоци се безбедно складирани и во согласност со GDPR. За повеќе информации за политиката за приватност на
АЛСА НЕТ ДООЕЛ Скопје посетете ја нивната веб-страница.

Вие имате право и пристап да ги избришете вашите лични податоци во секој момент. Ако ги користите услугите на Аквапарк Пробиштип, вие се согласувате со нашиот начи на користењето и чување на вашите лични податоци според оваа Политика на приватност. Контактирајте не доколку имате дополнителни прашања или забелешки во врска со политиката на приватност.

ПЛАЌАЊА ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

Секој корисник при купување на резервација, изјавува дека е запознаен и се согласува со Политиката на приватност. При плаќањето податоците што се собираат не се зачувуваат туку се користат еднократко за остварување на резервација со следните податоци: Име и презиме и е-пошта. Овие поднесоци се чуваат само за целите на услуги на клиентите, тие никогаш не се користат за маркетинг цели и не се споделуваат со трети страни.

3. ВЕБ КОЛАЧИЊА

„Веб Колачиња“ се мали делчиња од (текстуални) информации кои се испраќаат до пребарувачот кој го користите кога ја посетувате веб-страницата на Аквапарк Пробиштип и потоа се чуваат на хард дискот или во меморијата на вашиот уред. „Веб Колачињата“ поставени преку веб-страницата на Аквапарк Пробиштип не можат да го оштетат вашиот уред или датотеките складирани на него. Под „веб колачиња” исто така се подразбира и споредбени техники кои собираат информации, како што е отпечатокот на уредот (device’s fingerprint).

4. ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИТЕ

Ако не сте регистриран клиент за нашата страница, нема лични информации што можеме да ги задржиме или прегледаме во врска со вас.

Ако сте направиле резервација со барање, до вашите лични податоци може да се пристапи преку:

  • Нашите системски администратори.
  • Нашите поддржувачи кога (за да обезбедат поддршка) треба да ги добијат информациите за сметките и пристапот на клиентите.

5. МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

Го користиме протоколот SSL/HTTPS низ нашата веб-страница. Ова ги шифрира кориснички комуникации со серверите, така што личните информации за идентификација не се заробени од трети лица без овластување.

Во случај на протекување на податоците, систем администраторите веднаш ќе ги преземат сите потребни чекори за да обезбедат интегритет на системот. Ќе ги контактираат засегнатите корисници и ќе се обидат да ги ресетираат лозинките доколку е потребно.

6. ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Со користење на услугите на нашата веб страна се согласувате дека можеме да ги споделиме вашите информации на трето лице за целите на граѓанска тужба, кривична истрага или друга правна работа. Во случај да добиеме судска покана која влијае на Вашата приватност, може да избереме да Ве известиме за да Ви дадеме можност да поднесете предлог за укинување на истата или ние самите може да се обидеме да го укинеме, но не сме обврзани да го сториме тоа. Давате согласност за да објавиме и пријавиме ваши податоци на трети страни каде што веруваме дека е разумно да го сториме тоа од правни причини, доколку сметаме дека сте се вклучиле во измамнички активности. Вие нè ослободувате од каква било штета што може да произлезе од или поврзана со објавувањето на вашите информации на барање од агенциите за спроведување на законот или приватните странки.

Секое предавање на лични податоци за правни цели ќе се врши само во согласност со законите на Р.С. Македонија

7. ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ

Со користењето на оваа веб-страница се согласувате, односно ги прифаќате одредбите од Политиката за приватност на Аквапарк Пробиштип. Доколку не се  согласувате со политиката, Ве молиме да не ја користите веб-страницата на Аквапарк Пробиштип.

Изјавата за приватност и чување на лични податоци може да биде променета во секое време и затоа Ве советуваме редовно да ја читате.

 

Во моментов аквапаркот е затворен до наредната сезона 2026.
This is default text for notification bar